Валверде: Кога Лео ја има топката, знаете дека секогаш нешто ќе се случи!

Три победи во Примера и одлично деби против европскиот вицешампион во Лигата на шампионите, па веднаш критиките се претвораат во комплименти на адреса на Барселона. Момците на Ернесто Валверде го победија Јувентус со 3-0, а тренерот ги пофали сите свои фудбалери. 

„Му давам голем значај на оваа победа посебно заради местото на табелата и директната борба со Јувентус. Го победивме ланскиот финалист, дадовме три гола и не примивме гол - одличен почеток. Добро стоевме, во првиот дел Јуве ни создаде проблеми, но бевме стрпливи, трчавме, одземавме, реагиравме. Кога Лео ја има топката, знаете дека секогаш нешто ќе се случи. 1-0 беше клучен гол за нас во мечот“, призна Валверде.

Меси беше прогласен за играч на натпреварот и го продолжи походот по Кристијано Роналдо, кој е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.