Валверде: Го одигравме најтешкиот натпревар сезонава, а за Меси не треба да се трошат зборови!

Екипата на Барселона по 11-ти пат во низа успеа да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите. Вечерва, каталонските фудбалери им одржаа лекција на Антонио Конте и Челзи, а по мечот предводникот на Барса, Ернесто Валверде не го криеше задоволството од новиот успех на шпанскиот гигант и по средбата изјави:

„Кога го извлековме Челзи знаевме дека ќе биде супер-комплцирано. Го одигравме најтешкиот натпревар во сезоната и противникот го принуди нашиот тим на максимални напори. Челзи е фантастична екипа, но ние добро стоевме, дури и кога бевме изложени на голем притисок и шанси на ривалот. Голот на Меси за 3-0 ни даде опуштеност, но генерално стравуваме за исходот до самиот крај. Дембеле одигра одличен натпревар, знае дека мора да игра добро и во одбрана и посебно сум задоволен што денес тој покажа дека може да игра во две фази. Серхио Роберто со еден жолт картон имаше силен притисок и помошта на Дембеле му беше потребна. За Лео не треба да се трошат зборови, благодет е што го имаме и што ги задоволува сите околу себе“.

Каталонците својот противник во втората елиминациона фаза на Лигата на шампионите ќе го дознаат в петок во 12.00 часот кога во Нион ќе се одржи ждрепката четвртфиналните парови.