Валенсија го продава најголемиот специјалист за пенали меѓу голманите

Еден од најдобрите голмани-специјалисти за пенали Диего Алвес по шест сезони ќе ја напушти Валенсија и од утре ќе застане на голот на бразилскиот гигант Фламенго. Алвес спогодбено ќе го раскине договорот со „лилјаците“ и ќе побара среќа каде што повеќе веруваат во него.

Новиот тренер на Валенсија, Марселињо се одлучи за Бразилецот Нето од Јувентус како прва опција на голот и за Хауме како него алтернатива. Покрај Диего Алвес, клубот од „Местаља“ ќе го стави на трансфер-листата и австралискиот голман Мет Рајан, кој беше втор чувар на мрежата на Валенсија минатата сезона.

Диего Алвес пред да потпише за Валенсија, настапуваше за Алмерија од 2009 до 2011 година.