Вака денес би изгледало СП со 48 селекции: Би играле Хаити и Курасао, но не и Македонија, Србија, БиХ...

Фудбалската куќа на фудбалот на вчерашниот состанок во Цирих едногласно изгласа за проширување на Светските првенства и од 2026 година Мундијалите наместо 32 ќе имаат 48 учесници. Ќе се игра во 16 групи по три селекции, нокаут фазата ќе биде составена од 32 екипи, а Европа доби само три места повеќе, поточно ќе има 16 учесници. 

Многу европски федерации сметаат дека оваа одлука е на штета на европските селекции, кои најмалку профитираат од истата и дека значително ќе се намали квалитетот на натпреварувањето, а исто така дополнително ќе се зголеми заморот кај фудбалските ѕвезди, бидејќи и овој формат ќе се игра во период од 30 денови. 

Доколку денес би се одржело едно вакво Светско првенство, според ФИФА ранг листата би учествувале следните селекции:

САД, Англија, Хрватска, Франција, Костарика, Панама, Нигерија, Сенегал, Словачка, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Еквадор, Аргентина, Велс, Белгија, Шпанија, Хондурас, Курасао, Алжир, Нов Зеланд, Италија, Кина, Перу, Австралија, Бразил, Полска, Германија, Уругвај, Мексико, Тунис, Буркина Фасо, Коска Брегот на Слоновата, Република Ирска, Узбекистан, Јапонија, Исланд, Португалија, Колумбија, Швајцарија, Чиле, Гана, Египет, Хаити, ДР Конго, Иран, Турција, Јужна Кореја , Холандија, а нема да има место за Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и уште многу европски селекции.