ВИДЕО: Ужасна сцена во Купот на Србија – Фримпонг остана без свест

На синоќешниот натпревар од Купот на Србија меѓу Црвена Звезда и Динамо од Врање бевме сведоци на ужасна сцена, откако дефанзивецот на белграѓани, Абрахам Фримпонг незгодно падна на главата и остана без свест. 

Фримпонг по еден воздушен дуел со гостински фудбалер падна директно на глава и остана неподвижен на терен, но за среќа, лекарскиот тим на Звезда навремено реагираше и го „врати во живот“ фудбалерот, кој веднаш со возило за Брза помош беше пренесе во болница. 

Инаку, натпреварот кој се играше на „Рајко Митиќ“ заврши со убедлива победа на „црвено-белите“ од 5-0.