Украинците нема да гледаат Мундијал, националната ТВ ги откажа преносите

Државната телевизија на Украина, иако ги откупи ТВ правата за претстојниот Мундијал во Русија, се одлучи да не ги пренесува натпреварите. Причината секако е од политичка причина, а проблем се лошите односи кои во моментов ги имаат Русија и Украина.

Од оваа одлука се чини дека најмногу ќе бидат погодени вистинските љубители на фудбалоит во Украина, но сепак постои мала надеж дека националната ТВ куќа правата за пренос на натпреварите од Русија ќе ги продаде на некоја приватна телевизија, која сака истите да ги реализира.

Фудбалската репрезентација на Украина не успеа да се избори за пласман на Светското првенство, кое оваа година во месец јуни ќе го организира Русија.