Украинци ќе му судат на Вардар против Малме во Струмица

Европската куќа на фудбалот, УЕФА делегираше судии од Украина за возвратниот натпревар на Вардар против Малме во рамките на второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. 

Анатолиј Жабченко ќе го води дуелот во среда попладне во Струмица, а ќе му асистираат Александр Војток и Сергеј Бекер. Четврт судија ќе биде Александр Дердо.

Вардар воочи реваншот има 1-1 од првиот натпревар на „Сведбанк арената“, а на споменатиот натпревар исландските судии и покрај скепсата добро си ја завршија работата. 

Реваншот во вторник почнува од 18.00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.