Треневски: Стартот на сезоната е секогаш најтежок, Ренова е противник за почит

Екипата на Работнички со почеток од 17.00 часот ќе ја пречека Ренова на домашен терен со што ќе означи старт на новата сезона во ПМФЛ.

„Романтичарите“ се надеваат дека ќе имаат можност да се борат за титулата со изразитите фаворити, Шкендија и Вардар, а примарна цел ќе биде излез во Европа. Тренерот, Виктор Треневски во пресрет на денешниот меч изјави:

„Подготовките завршија, време е за почеток на првенството. На стартот е секогаш тешко, а за нас можеби најтежок противник во моментов е токму Ренова, со Влатко Костов на кормилото. Еден добро балансиран тим, кој знае што сака на секој натпревар, и сигурно се вбројува во екипите кои заедно со нас, со Пелистер и со Силекс, и во новата сезона ќе се борат за излез во Европа. Но, подготвени сме, верувам во своите фудбалери и очекувам една добра фудбалска претстава, со надеж дека ние на крајот ќе се радуваме“.

Натпреварот се игра на стадионот во Ѓорче Петров и заедно со оној во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар ќе биде премиерен во новата сезона.