Тренерот на Розенборг: Ќе нападнеме од почетокот и ќе играме офанзивно

Вардар утревечер против Розенборг го игра последниот европски натпревар оваа сезона. Иако резултатскиот значај е во втор план, бидејќи двете екипи ги загубија шансите за пласман во пролетните нокаут-натпревари, сепак до двата табори најавуваат игра на победа.
 
Тренерот на Розенборг, Ингебритсен ветува офанзивен фудбал во текот на целиот меч.

„Вардар не е лесен противник. Тие ги елиминираа Малме и Фенербахче и сигурно утре не очекува тежок натпревар. Но, ние сме подготвени, на навивачите можам да им ветам дека ќе нападнеме од самиот почеток и ќе играме офанзивно“, изјави тренерот Ингебритсен.
 

Натпреварот ќе започне утре од 21.05 часот на „Филип втори“ и е 12. натпревар на Вардар во Европа оваа сезона.