Тренерот на Пелистер почесен член на македонско-турското здружение

По повод 19 Мај - Денот на младоста и спортот во Република Турција, тренерот на освојувач на Купот на Македонија, битолски Пелистер, Наџи Шенсој, денес беше прогласен за почесен член на здружението за македонско-турска соработка.

„Еден од моите идоли е и Мустафа Кемал Ататурк. Секогаш сакав да работам во градот каде што тој учел, а ова признание за мене значи многу“, изјави Наџи Шенсои на прогласувањето.

Признанието му бише врачено во спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во Музејот во Битола.