ТРАНСФЕРИ: Зимски преоден рок 2016/17

Трансфери

Ажурирано: 13.48 ч. (02.02.2017)

- Штефан Лихштајнер потиша нов договор со Јувентус, кој го обврзува со екипата од Торино до јуни 2018 година.

- Николас Анелка ја изненади јавноста и потпиша за Рода Керкаде во холандскиот шампионат, но како советник на претседателот на клубот. 

- Дидие Дрогба ја одби понудата на Коринтијанс и наскоро ќе го објави својот нов клуб, кој веројатно ќе биде во Европа. 

- Кристал Палас го позајми до крајот на сезоната дефанзивецот Мамаду Сако од Ливерпул. 

- Лацио го позајми напаѓачот Рикардо Кишна на францускиот прволигаш Лил.

- Виљареал го позајми Ндаје во премиерлигашот Хал Сити, кој оваа зима доведе скоро цел еден нив тим. 

- Селтик ја одби понудата на 40 милиони евра на Челзи за напаѓачот Муса Дембеле. 

- Габриел Обертан е нов фудбалер на Виган, а детаљи околу договорот не се познати. 

- Мола Ваге од Удинезе е нов фудбалер на Лестер Сити по 11 часа преговори. Африканецот е позајмен на шест месеци со право на откуп. 

- Колумбиецот Ибарбо се врати во Каљари, по неуспешните шест месеци поминати во Панатинаикос. 

- Напаѓачот Серџо Гарсија од следната сезона ќе се врати во Еспањол, откако неговиот поранешен клуб се договори со Ал-Рајан и ќе го откупи договорот на каталонскиот напаѓач. 

- Бранислав Ивановиќ пристигна во Русија и официјално позираше со новиот дрес на Зенит Сант Петерсбург. 

- Српскиот голман Вања Милинковиќ Савиќ ја напушти Легија и се пресели во Торино за 2,5 милиони евра. 

- Маноло Габиадини во последен момент потпиша за Саутемтон, а Наполи ќе добие 17 милиони фунти.

ОФИЦИЈАЛНО: Еден од најдобрите фудбалери на Ватфорд, Одион Игало својата кариера ќе ја продолжи во кинеската Супер лига. Чангчун Јетаи е новиот предизвик на нигерискиот голгетер, а англискиот премиерлигаш за овој трансфер инкасира 20 милиони фунти.

- Италијанскиот голман Салваторе Сиригу до крајот на сезоната ќе го брани голот на Осасуна на позајмица од Севиља. 

- Србинот Лука Миливојевиќ го напушти Олимпијакос и потпиша за Кристал Палас, што е голем чекор напред во кариерата за фудбалерот за врска. 

- Ентони Муние само три дена беше член на Сент Етјен, а откако навивачите незадоволни што беше доведен некогашен фудбалер на Лион, го избркаа, тој е пратен од Болоња на позајмица во Аталанта. 

- Хуан Карлос Паредес е нов фудбалер на Олимпијакос, откако Ватфорд му го отстапи до крајто на сезоната. 

- До крајот на денот се очекуваат неколку спектакуларни трансфери во Премиер лигата. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Нани е пред потпис со Хал Сити, Славен Билиќ сака да се засили со Димитар Бербатов, додека младата сензација на Селтик, Муса Дембеле е главна цел на Антонио Конте и Челзи.

- Српскиот дефанзивец, Бранислав Ивановиќ пристигна во Русија и доколку ги мине медицинските прегледи ќе стави потпис со Зенит

- Италијанскиот репрезентативец Андреа Ранокија го напушти Интер и на позајмца потпиша за Хал Сити. 

- Некогашиот младинец на Реал Мадрид, Хозе Родригез го напушти Мајнц 05 и потпиша за шпанскиот прволигаш Малага. 

- Екипата на Реал Мадрид е постојано во центарот на вниманието, кога се работи за трансфер пазарот. Иако, мадридската екипа нема право да купува оваа зима, сепак е активна на пазарот. „Кралевите“ веќе ја обезбедија замената за Пепе, во името на позајмениот играч во Ајнтрахт Франфурт, Хесус Ваљехо. Младиот талентиран дефанзивец се очекува да се врати во матичната екипа веќе ова лето, по препорака на Зинедин Зидан.

ОФИЦИЈАЛНО: Хесе Родригез се врати дома и ќе игра како позајмен играч во Лас Палмас до крајот на тековната сезона. Тој ќе биде претставен на публиката на стадионот „Гран Канарија“, по договорот помеѓу ПСЖ и Лас Палмас.

Анвар Ел Гази го напушти Ајакс и се пресели во Лил, потпишувајќи две и пол годишен договор со клубот од централна Франција. 

- Мунир Обади го напушти Лил и ја засили водечката екипа во францускиот шампионат Ница без обештетување. 

- Лион Бејли е нв фудбалер на Баер Леверкузен за 20 милиони евра. Тинејџерот од Јамајка доаѓа од Генк и е еден од најскапите тинејџери во зимскиот преоден рок. 

- Марвин Емнес го напушти Свонси, каде играше многу малку и потпиша за Блекбурн Роверс како слобдоен фудбалер. 

- Бразилецот Валас го напушти Гремио и потпиша за Хамбургер за 9 милиони евра. 

- Грегори Сертич е нов фудбалер на Олимпик Марсеј, откако го напушти Бордо за 2 милиони евра и потпиша за клубот од „Велодром“. 

- Бешикташ го договори враќањето на Демба Ба од Шангај Шенхуа на позајмица до крајот на сезоната. Повредениот Сенегалец дури во март ќе се врати од повредата која ја здоби во октомври минатата година. 

- Џенова му го позајми на Милан, Аргентинецот Лукас Окампос до крајот на оваа сезона со право за откуп. 

- Чилеанскиот интренационалец Едуардо Варгас го напушти Хофенхајм и потпиша за мексиканскиот Тигрес за 6 милиони евра. 

- Димитри Паје се врати во Олимпик Марсеј и официјално беше претставен во дресот со број 11. На официјалната прес-конференција своето задоволство за трансферот го изрази спортскиот директор Андони Зубизарета. 

- Одбранбениот фудбалер на Сандерленд, Патрик ван Анхолт, одлучи да ги промени клупските бои и од денес е нов фудбалер на Кристал Палас. Лондонскиот клуб за овој трансфер одвои 14 милиони фунти. 

- Како што открива шпанска „Марка“ некогашниот член на Реал Мадрид, а сегашен на ПСЖ, Хесе Родригез ќе премине на шест месечна позајмица во тимот на Лас Палмас

- Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, утрово откри дека Карл Џенкинсон и Матије Дебиши добија зелено светло за трансфер и доколку пристигнат примамливи понуди двата десни бека ќе го напуштат Лондон. 

- Борнмут ги догвори сите детаљи за трансфер на Асмир Беговиќ од Челзи и во текот на следните два дена се очекува официјализација. 

- Милан ја одби понудата од Пекинг Гуан за словачкиот интернационалец Јуриј Кучка. Кинезите понудија 10 милиони евра за фудбалерот да ја напушти Италија оваа зима. 

- Димитри Паје е блиску до преселба во Франција во екипата на Олимпик Марсеј. Ова денес го потврди официјалната Твитер страница на лондонската екипа, која прифатила понуда од 25 милиони фунти за услугите на Французинот.

- Алесандро Пато е нов член на Тијанџијан од Кина, а Виљареал за неговата продажба заработи 18 милиони евра. 

- Перуанецот Џеферсон Фарфан од денес е нов фудбалер на Локомотив Москва, откако дојде во Русија како слободен фудбалер. 

- Бојан Кркиќ го напушти Стоук Сити и потпиша за германскиот Мајнц 05, каде утрово официјално беше претставен.

- Младиот уругвајски интренационалец Родриго Бетанкур се наоѓа пред потпис со Јувентус. Овој креативен фудбалер за врска е дел од Бока Јуниорс во претходните неколку години. 

- Еквадорецот Фелипе Каиседо раскина со Еспањол и веројатно во следните 1-2 дена ќе го стсви потписот со Виљареал, како замена за Пато, кој замина во Кина. 

- Вест Хем ја пронајде замената за Димитри Паје и го донесе Роберт Снодграс од Хал Сити за 10,2 милиони евра. 

- Уругвајскиот дефанзивец Мартин Касерес и младиот фудбалер на Емполи, Кристијан Сапонара од денес се нови фудбалери на Фиорентина

- Енди Делор го напушти мексиканскиот Тигрес и потпиша за Тулуз во Франција. 

- Дефанзивецот Владимир Ковачевиќ е нов член на белгискиот клуб Кортријк, а непознати се детаљите и обештетувањето кое треба да го добие Војводина. 

- Себастијан Џовинко ја одбил Барселона минатиот јануари. Италијанскиот фудбалер се одлучил за кариера во САД пред трансфер во каталонскиот гигант, каде ќе ја имаше улогата замена на ударното напаѓачко трио МСН.

- Јужноафриканецот Киган Доли е најновото засилување на Монпеље, откако потпиша за францускиот лигаш, доаѓајќи од Мамелоди Сандоус. 

- Младиот Аргентинец Серџо Араухо од Лас Палмас заминува на шестмесечна позајмица во АЕК Атина. 

- Сафет Сушиќ денес официјално беше промовиран како нов тренер на турскиот прволигаш Аланијаспор.

- Клемен Грение го замени Лион со екипата на Рома. 26-годишниот фудбалер ќе настапува за „римската волчица“ до крајот на сезоната како позајмен играч за сума од 3,5 милиони евра.

- Французинот Антони Муние од Болоња мина во Сент Етјен на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп. 

- Некогашниот талент на Јувентус и Аталанта, Ричмонд Боакје, инаку потенцијален репрезентативец на Гана, од утре ќе биде нов член на Црвена Звезда. 

- Хрватскиот интренационалец Ален Халиловиќ се враќа во Шпанија и по лекарските прегледи утрово, стави потпис на позајмица од шест месеци од Хамбургер во Лас Палмас. 

- Севиља ангажира ново аргентинско засилување, откако од следната сезона го обезбеди потписот на Валтер Монтоја од Розарио за неполни 5 милиони евра. 

- Ватфорд го претстави Мбаје Нијанг, кој доаѓа на позајмица со право на откуп, од италијанскиот гигант Милан. 

- Шалке 04 го доведе Калиџури од Волфсбург за обештетување од 2,5 милиони евра. 

- Колумбискиот напаѓач Адријан Рамос ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во фенерџијата во Примера, Гранада. 

- Ветеранот Чави го продолжи договорот со катарскиот Ал Саад до 2018 година и сигурно ќе игра најмалку уште една година. 

- Сену Мијанга од Интер заминува на позајмица од шест месеци во Каљари. Белгискиот лев бек уште не дебитирал за сениорската екипа на „неро-азурите“.

- Камерунскиот ветеран Самуел Ето од денес е нов член на Амкар, откако го раскина договорот со Анталијаспор и се врати во руската Премиер лига.

- Келн го претстави Невен Суботиќ, кој дојде на позајмица од Борусија Дортмунд до крајот на сезоната. 

- Хесе Родригез би можел да го напушти Париз и да се пресели во Премиер лигата, во екипата на Мидлсброу како позајмен играч до крајот на тековната сезона.

- Патрис Евра го напушти Торино и потпиша едно и пол годишен договор со Олимпик Марсеј. Официјално ќе биде претставен во текот на денот. 

- ПСЖ го официјализираше талентот на Бенфика, напаѓачот Гонзало Гуедес, а детаљите околу трансферот не се познати. 

- Уго Родалега е нов фудбалер на Трабзонспор и потпиша договор до 2019 година, откако го напушти Ахисар и пак ќе игра во Европа. 

- Гаку Шибасаки е најновото засилување на Лас Палмас, откако овој млад Јапонец го напушти тимот на Кашима Антлерс и потпиша за клубот од Канарските острови.

- Луис Ернандез е нов член на Малага, откако еспресно го напушти Лестер Сити и потпиша за клубот од Андалузија. 

- Манчестер Сити налето ќе прави реконструкција на екипата, а англиски „Тајмс“ наведе десет имиња, кои ќе го напуштат „Итихад“: Џо Харт, Пабло Забалета, Самир Насри, Јаја Тури, Гаел Клиши, Бакари Сања, Хесус Навас, Вили Кабаљеро, Елиаквим Мангала и Вилфред Бони.

- Шпанските медиуми најавуваат преселба на Алваро Мората во Премиер лигата. Напаѓачот на Реал Мадрид ова лето сака да ја промени средината, а Арсенал е клубот кој го преферира. Се споменува сума од 51 милиони фунти, кои ќе ги побара Флорентино Перез.

- Мауро Зарате за сума од 2.3 милиони фунти од редовите на Фиорентина премина во премиерлигашот Ватфорд, каде ќе остани до 2019 година. 

- Неколку кинески клубови се спремни да одвојат 40 милиони фунти за голгетерот на Лестер Сити, Ислам Слимани

- Пепе е на чекор до премин во кинеската Супер лига. Фудбалерот на Реал Мадрид на маса има 300.000 фунти неделна плата од Хебеи Фортун.

- Англискиот гигант Ливерпул започна преговори со Спортинг Лисабон за услугите на дефанзивниот среден играч, Вилијам Карваљо. Се шпекулира дека „црвените“ ќе понудат 26 милиони фунти.

- Доколку Асим Беговиќ го напушти Челзи, Антонио Конте го пикира поранешниот голман на Њукасл. Тим Крул како замена за Босанецот. 

- Шведскиот дефанзивец Линделоф е последното име кое се поврзува со лондонски Челзи на Антонио Конте. 

Олимпик Марсеј е последниот клуб во низа, кој чека за потпис на Патрис Евра. Претходно заинтересираност за францускиот бек пројавија и екипите на Валенсија, Кристал Палас, Шалке 04 и Лион

- Поранешниот фудбалер на Интер и Милан, Сали Мунтари спогодбено го раскина договорот со тимот на Ал Итихад и се пресели во еден од најслабите тимови во Серија А, екипата на Пескара.

Шангај СИПГ со понуда од 185.000 евра неделна плата за фудбалерот на Јувентус, Дани Алвес. Доколку се реализира трансферот, тој ќе игра во ист тим со своите сонародници, Оскар и Хулк.

- ОФИЦИЈАЛНО: Ориол Ромеу го продолжи договорот со Саутемптон до 2021 година

- Романскиот дефанзивец Алим Тоска ја напушти Стеауа и потпиша за Бетис од Севиља за обештетување од еден милион евра. 

- Бразилскиот младински репрезентативец Маркос Гиљерме е нов член на Динамо Загреб, откако првакот на Хрватска плати 3 милиони евра да го донесе од Атлетико Параненсе. 

- Џолион Лескот повторно ќе заигра на терените во Премиер лигата и ќе се обиде да и помогне на екипата на Сандерленд да обезбеди опстанок. Некогашниот англиски репрезентативец претходно има настапувано за Вулверхемптон, Евертон, Манчестер Сити, Астон Вила, ВБА и АЕК Атина.

- Жозе Мурињо подготви нов договор за Маркус Рашфорд и ќе му даде далеку поголема плата на младиот талент од „Олд Трафорд“.

- Ливерпул го позајми Лазар Марковиќ во Хал Сити, по отстапката од шест месеци во Спортинг Лисабон. 

- Бразилецот Соарез ја напушти Виторија Гимареш и потпиша за Порто за 7 милиони евра. 

- Милан и официјално го претстави Џерард Деулофеу на позајмица од Евертон до крајот на сезоната. 

- Белгискиот чувар на мрежата Роеф го напушти Андерлехт и потпиша за шпанскиот прволигаш Депортиво Ла Коруња. 

- Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ го продолжи договорот со екипата од „Сигнал Идуна парк“ до 2020 година.

- Некогашниот фудбалер на ПСЖ, Лил и Сент Етјен, Метју Бодмер ја напушти Ница и во новата година ќе го облече дресот на Генгамп. 

- Фил Јагиелка ќе го напушти тимот на Евертон и наскоро ќе го облече дресот на Сандерленд, каде доаѓа на инсистирање на Дејвид Мојс. 

- Младиот шведски талент од АИК Солна, 16-годишниот Александар Исак потпиша договор со Борусија Дортмунд и штом стане полнолетен ќе се пресели на „Сигнал Идуна парк“. Условите на трансферот не се објавени во јавноста.  

- Селекторот на репрезентацијата на Азербејџан, Роберт Просинечки пронајде нова работа и само часови го делат од промоција за нов тренер на Бурсаспор.

- Бранислав Ивановиќ е блиску до потпис со премиерлигашот Евертон, на позајмица од Челзи на шест месеци до истекот на договорот. 

- Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо доби засилување во нападот во името на Гонзало Гуедес од Бенфика. 20-годишниот фудбалер во португалската екипа одигра 68 натпревари и постигна 11 гола, а неговиот трансфер би требало да изнесува некаде околу 30 милиони евра.

- Се спрема сензација од Серија А - Интер подготвува понуда за Серхио Агуеро, за кого вели дека е перфектен пратнер во нападот за Мауро Икарди.

- Валенсија преговара со некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Олимпик Марсеј, Ласана Диара. 

- Адријан Лопез ги напушти Порто и се врати во Виљареал, каде ги доживеа најдобрите денови пред да замине во Атлетико Мадрид и во Португалија. 

- Јоргос Кавелас е нов фудбалер на Аланијаспор, откако го напушти ПАОК и потпиша за клубот од турската Супер лига. 

- Омар Елабделуи го напушти Олимпијакос и на барање на тренерот Силва, до крајот на сезоната ќе игра за Хал Сити. 

- Младиот англиски напаѓач Берахино го напушти ВБА и потпиша за Стоук Сити. 

- Младиот шпански интернационалеџ Џерард Деуфелоу од Евертон ќе мине на шестемесечна позајмица во Милан.

- Португалецот Хозе Фонте го напушти Саутемптон и потпиша за Вест Хем Јунајтед за 9 милиони евра.

- Грчките медиуми тврдат дека Рома го продала Костас Манолас на екипата на Интер за околу 40 милиони евра. 

- Хрватскиот интернациналец Бруно Петковиќ е најновото засилување на Болоња, откако клубот од Серија А го откупи од Трапани за 1,5 милиони евра

 

- Бруно Цуколини е позајмен од Манчестер Сити во таборот на Верона во италијанската Серија Б.

- Гркот Панајотис Коне е најновото засилување на Гранада, откако клубот ги договори сите детаљи со Болоња

- Олимпик Лион е мнигу блиску до ангажман на Мемфис Депај, откако францускиот клуб на Манчестер Јунајтед му понуди 18,5 милиони евра. 

- Габриел Хесус доби „зелено светло“ и веќе може да настапува за неговиот нов клуб Манчестер Сити. 

- Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Златан Ибрахимовиќ и ќе го обврзе да остане „ѓавол“ до 2019 година. 

- Карлитос Тевез пристигна во Кина и предизвика вистински хаос на аеродромот во Шангај.

- Морган Сансон го напушти Монпеље и потпиша за Олимпик Марсеј за 8 милиони евра. Денес официјално беше претставен на стадионот „Велодром“.

- Мидлсброу го откупи Патрик Бамфорд од Челзи, каде одигра една успешна сезона пред две години.

- Суперталентираниот Фернандо Антонучи е новото засилување на Монако. Француската екипа стигна до потписот на 17-годишникот пред Борусија Дортмунд, Челзи и Севиља. 

- ПСЖ му го отстапи младиот напаѓач Џонатан Иконе на Монпеље до крајот на сезоната со можност во јуни пак да го врати на „Паркот на принцевите“.

- Александар Самедов се врати во Спартак Москва и потпиша за клубот во кој ја започна кариерата. Локомотива Москва ќе добие 3.5 милиони евра обештетување за -репрезентативецот на Русија. 

- Милан го продолжи договорот со Џакомо Бонавентура до 2020 година и реши уште една дилема. Следен на листата на продолжување на договорите е голманот Џиџо Донарума. 

- Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Адријан Рамос се наоѓа пред потпис со кинескиот тим Чонгкинг Лифан, чие раководство е подготвено да плати 12 милиони евра.

- Талентираниот Фил Нојман го напушти Шалке 04 и на големо изненадување потпиша за Инголштадт.

- Аргентинскиот ветеран Мартин Демикелис се врати во Малага по само шест месеци минати во Еспањол.

- Парагвајскиот интернационалец Оскар Ромеро од денес е нов член на Алавес, а доаѓа од кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

- Аргентинецот Густаво Бланко е нов фудбалер на Шахтор Доњецк, откако вицешампионот на Украина го доведе од Карпати Лвов.

- Младиот Том Керол го напушти Тотенхем и потпиша за Свонси за 5 милиони евра. 

- Манчестер Јунајтед го продолжи договорот на Антонио Валенсија за една година, што значи дека тој ќе остане во клубот до 2018 година.

- Карло Анчелоти и Баерн Минхен ќе достават понуда од 80 милиони евра следното лето за плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати. 

- Флориан Грилих е нов член на Хофенхајм и замена за Себастијан Руди, кој потпиша од следната сезона за Баерн. Грилих од наредниот шампионат ќе се пресели меѓу своте нови соиграчи.

- Германскиот интернационалец Лукас Подолски и официјално е нов член на јапонскиот Висел Кобе, откако го раскина договорот со Галатасарај. 

- Гркот Киријакос Пападопулос е нов член на Хамбургер, откако го напушти Шалке 04 по неколку сезони. 

- Хернан Перез го продолжи договорот со Еспањол и ќе игра за каталонскиот клуб до 2020 година. 

- Алу Сисоко е нов член на Олимпијакос, откако го раскина договорот со Астон Вила и потпиша за првакот на Грција. 

- Холандскиот ас Арјен Робен го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2018 година и ќе добива 7 милиони евра по сезона. 

- Кинескиот клуб Тијанџин Кванџијан е решен да направи пеколен тим оваа сезона. Тренерот на екипата Фабио Канаваро од управата побара да му го доведат Радамел Фалкао. Се споменуваат околу 50 милиони евра понуда до екипата на Монако.

- Баерн Минхен ги официјализираше трансферите на Никлас Шиле и Себастијан Руди од Хофенхајм од следната сезона 2017/18.

 

- Капитенот на Стандард Лиеж, Адријан Требел е нив фудбалер на конкурентниот Андерлехт. 

- Симоне Заза е нов фудбалер на Валенсија и утре ќе биде претставен во новиот клуб на специјална прес-конференција во 13.15 часот.

- Аксел Витсел пристигна во Кина и наскоро ќе се приклучи во тимот кој ќе биде негов дом во следните четири сезони. 

- 31-годишниот фудбалер на Милан, Хосе Соса, најверојатно ќе го напушти италијанскиот гигант и за 10 милиони евра ќе премини во засега непознат кинески клуб. 

- Денес, екипата на Вест Хем ја одби првата понуда за „бунтовникот“ Димитри Паје. Француски Марсеј понудил 20 милиони евра, но „чеканите“ цврсто си стојат на зборот дека не планираат да го продадат францускиот ас, иако тој одби да игра во продолжението од првенството.

- Француските медиуми пишуваат дека голгетерот на ПСЖ, Единсон Кавани, ќе го продолжи договорот со „светците“ до 2021 година.

- Сега и официјално Валенсија го доби првото зимско засилување, откако во ложата на „Местаља“ денес е забележан Симоне Заза.

- Доколку не се реши проблемот на Конте и Диего Коста, Челзи ќе понуди неверојатно 75 милиони евра за напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер.

- Јувентус доведе уште еден талент, откако за 8 милиони евра од Асколи од следната сезона ќе пристигне Орсолини, еден од најкреативните млади фудбалери во Италија. 

- Фиорентина има нов голман, откако од Аталанта го доби Марко Спортиело на позајмица до крајот на сезоната. 

- Луис Адриано официјално е претставен како нов фудбалер на Спартак Москва, откако го напушти Милан. 

Патрик Бамфорд е нов напаѓач на Челзи, откако екипата од Лондон одлучи да го врати младиот фудбалер од позајмицата во Барнли.

- Некогашниот голем талент на германскиот фудбал Сидни Сем до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер од Баер Леверкузен во Дармштадт. 

- Морган Шнајдерлин е нов фудбалер на Евертон, откако „карамелите“ платија 23 милиони фунти да го донесат од Манчестер Јунајтед

- Депортиво Ла Коруња го пронајде засилувањето кое ќе го замени Рајан Бабел, кој замина во Бешикташ. Од Вулверхемптон пристигна 24-годишниот Холанѓанец, Ола Џон.

- Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Астон Вила, Том Клеверли и официјално е нов член на Ватфорд.

- Монако ги продолжи договорите со Бадијашал и Диало до 2021 година и ги одби нападите на богатите клубови за двајцата таленти. 

- Второпласираната екипа во Бундеслигата, РБ Лајпциг потпиша со младиот дефанзивец Дајочанкуле Упамекано. Тој потпиша договор до 2021 година, а доаѓа од „братската“ екипа на бундеслигашот, Салзбург.

- Според пишувањата на италијански „Скај“, Патрис Евра е блиску до потпис со екипата на Кристал Палас. Неговиот договор истекува ова лето, а постои опција уште во јануари да се пресели во Лондон.

 

A photo posted by Patrice Evra (@patrice.evra) on

- Един Џеко одбил 16 милиони евра по сезона да премине во Тјанџин во Кина, па клубот потоа го ангажираше Никола Калиниќ од Фиорентина. 

- Челзи е подготвен да плати 45 милиони евра за незадоволниот Дмитри Паје од Вест Хем Јунајтед.

- Лондонски Арсенал денес ги продолжи договорите со тројца фудбалери. Оливие Жиру, Лорен Кошчелни и Францис Кокелан и во наредните сезони ќе го носат дресот на „топџиите“.

- Кристал Палас оваа зима сака да се засили со фудбалерот на Арсенал, Карл Џенкинсон и левиот бек на Сандерленд, Патрик ван Анхолт

- Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен на Евертон, Том Клеверли,  најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Ватфорд

- Некогашната ѕвезда на Премиер лигата и поранешен член на Милан, Адел Тараб ќе биде нов соиграч на Горан Пандев во тимот на Џенова

- По Барселона и ПСЖ и италијанскиот шампион Јувентус пројави интерес за одличниот офанзивец на Ливерпул, Адам Лалана

- Марко Сторари го напушти Каљари и потпиша за Милан на позајмица до крајот на сезоната. Ова е враќање во неговиот поранешен клуб за италијанскиот голман. 

- Галатасарај за 3 милиони евра го доведе Гери Родригез од ПАОК.

- Свонси се откажа од трката за дефанзивецот на Ливерпул, Мамаду Сако поради високата сума од 20 милиони евра што ја бараат „црвените“.

- Мурињо со 7 милиони фунти ќе проба да го придобие младиот дефанзивец на Ред Бул Салцбург,  Упамекан.

- Италијански „Раи“ открива дека Вест Бромвич Албион понуди 20 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Маној Габијадини

- Морган Шнајдерлин од Манчестер Јунајтед е пред потпис со Евертон, додека неизвесно е каде ќе отпатува неговиот соиграч, Мемфис Депај, покрај „карамелите“ и француски Лион пројави интерес.

- Вест Хем со 5 милиони фунти се надева дека ќе го придобие најдобриот фудбалер на Хал Сити, Роберт Снодграс.

- Интер доби конкуренција во Манчестер Јунајтед за потписот на дефанзивецот на Рома, Костас Манолас

- ПСЖ е во потрага по замена за Хесе и во француските медиуму најспомнувани имиња се Фернандо Љоренте од Свонси и Хонас Гутиерез од Бенфика. 

- Стеван јоветиќ е претставен како нов играч на Севиља, каде ќе настапува како позајмен играч од Интер до крајот на тековната сезона.

- Лион одби неверојатни 70 милиони евра за Александр Лаказет од страна на Вест Хем. Ова е втора понуда од лондонската екипа, која што доби негативен одговор од страна на раководството на Французите.

- Холгер Бадштубер ќе го одигра вториот дел од Бундеслигата во дресот на екипата на Шалке 04.

- Вест Хем ќе тргне по услугите на Џо Харт, откако Билиќ не е задоволен од сегашниот двоец – Рендолф и Адриан

- Младиот 20-годишен, Коен Брамал, од седмата лига по ранг во Англија потпиша договор со Арсенал

- Стефан Јоветиќ е на пат за Севиља и доколку ги помине медицинските прегледи во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на освојувачот на Лига Европа

- По Пеп Гвардола и Жозе Мурињо се заинтересира за двоецот на Тотенхем, Дени Роуз и Кајл Вокер. Се шпекулира дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ е подготвен да издвои 60 милиони фунти. 

- Еден од најталентираните фудбалери на светот и член на Реал Мадрид, Мартин Одергард, година и пол ќе мина на позајмица во редовите на холандски Херенвен

- Спортскиот директор на Севиља, Мончи објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по една деценија успешна работа.

- Морика Фофана го напушти Лориент и потпиша за Коњаспор во Турција. 

- Дејвид Наџент го напушти Мидлсброу и за 3 милиони евра потпиша за Дерби Каунти на Стив Мекларен. 

- Најдобриот стрелец во Втората Бундеслига, Гвидо Бугштилер е нов член на Шалке 04, откако го напушти Нирнберг и потпиша за клубот од Гелзенкирхен за 1,5 милиони евра. 

- Шпанскиот интернационалец Пабло Хернандез, кој своевремено играше за Валенсија и Свонси, го напушти Ал Наср и потпиша за Лидс Јунајтед.

- Австрискиот интернационалец Стефан Илсанкер го продолжи договорот со Лајпциг до 2020 година. 

- Леонел Ванџиони, аргентински дефанзивец под договор со Милан, се наоѓа пред потпис со шпанска Севиља. 

- Мауро Зарате од Фиорентина е најсериозен кандидат за наследник на Карлитос Тевез во Бока Јуниорс

- Најверојатно заврши авантурата на Џек Вилшер во Арсенал. Пеп Гвардиола и Роналд Куман посакуваат да го видат во своите редови. 

Вест Хем пред потпис со најдобриот стрелец на Чемпионшип и член на Брентфорд, Скот Хоган. „Чеканите“ за услугите на овој напаѓа ќе платата 12 милиони евра. 

- Дидие Дрогба пред враќање во Франција и тоа во неговиот поранешен клуб Олимпик Марсеј, денес откриваат тамошните медиуми. 

- Карлос Бака, напаѓачот на Милан одбил огромна сума на пари од кинески клуб за да остане во редовите на калчолигашот. 

- Босанскиот интернационалец Сеад Колашинац од следната сезона ќе го облече дресот на Јувентус, откако на истек од договорот заминува од Шалке 04. 

- Александар Коларов кариерата ќе ја продолжи во Русија и од јуни ќе потпише со Спартак Москва, на истек на договорот со Манчестер Сити. 

- Мезут Озил ги смири навивачите на Арсенал со најавата дека е спремен да потпише нов договор. 

- 34-годишниот ветеран Џермејн Дефо доби понуда од Кристал Палас и Сем Алардајс. Пред неколку дена Сандерленд одби 7 милиони фунти од Вест Хем. 

- Немања Максимовиќ од денес е нов член на шпанска Валенсија, откако казахстанската екипа Астана се договори со „лилјаците“ и Србинот ќе игра во Примера. 

- Болоња испрати понуда за Алесио Черчи кој е под договор со Атлетико Мадрид, но воопшто не е во плановите на Диего Симеоне. 

- Аргентинскиот стручњак Марсело Биелса е најсериозен кандидат да го преземе францускиот прволигаш Лил, пишуваат медиумите ширум оваа земја. 

- Некогашниот „крал на стрелците“ во Серија А и светски првак пред 11 години, Алберто Џилардино ги договори сите детаљи и ќе потпише за Пескара. 

- Карлос Кеироз го напушти кормилото на иранската репрезентација по серијата на критики заради лошите резултати во последните неколку месеци. Португалецот од 2011 година ја извршуваше оваа функција.

- Челзи го врати Нетен Ејк од Борнмут во својот ростер по позајмицата од шест месеци. 

- Босанскиот интернационалец Звјездан Мисимовиќ ја заврши својата кариера во 34. година по истекот на договорот со кинескиот Гуангжу Рене.

- Фудбалерот на Порто, Евандро, кој своевремето настапуваше за Црвена Звезда, ќе биде првото засилување на новиот менаџер на Хал Сити, Марко Силва. 

- Волфсбург понуди 25 милиони евра за Маноло Габијадини од Наполи и веројатно до реализација на овој трансфер ќе дојде до крајот на месецот. 

- Бразилскиот фудбалер за врска, Фелипе Мело се врати во Бразил и потпиша договор со Палмеирас до 2019 година. Претходно тој го раскина договорот со милански Интер.

- Португалскиот ветеран Рикардо Карваљо го напушти Монако и потпиша за Шангај СИПГ како слободен фудбалер. 

- Тотенхем понуди 45 милиони евра за младиот италијански репрезентативец Федерико Бернардески од Фиорентина.

- Филип Ѓорѓевиќ ја одби понудата на Лион и одлучи да остане во Лацио до крајот на сезоната. 

- Јоан Беналун е нов фудбалер на Болоња, откако клубот чиј тренер е Роберто Донадони договори позајмица од Фиорентина. 

- Алжирскиот интернационалец Софиан Фегуили се наоѓа пред потпис со италијанската Рома, откако Вест Хем не смета на неговите услуги до крајот на сезоната. 

- Камерунскиот голман Итанже ќе остане во Турција, но го смени клубот. Тој дресот на Газиентеспор, го замени со тој на Аданаспор.

- Агентот на Лукас Подолски ја извести управата на Галатасарај дека Германецот сака да го напушти Галатасарај. Негов нов клуб треба да биде Гуангжу Еверграгде од Кина. 

- Адел Тарабт ја напушти Бенфика и стана нов член на Џенова и соиграч на Горан Пандев. Така Алжирецот се враќа во Серија А, каде настапуваше за Милан. 

- Српскиот интернационалец Радослав Петровиќ и официјално ќе го напушти Спортинг Лисабон и ќе се пресели во Ризеспор во Турција. 

- Мексиканскиот интернационалец Чичарито не е на продажба - ова е пораката на Баер Леверкузен за заинтересираните клубови од Италија, Англија и Шпанија. 

- Франко Антонучи го напушти Ајакс и потпиша за Монако за 2,5 милиони евра. Овој 17-годишен фудбалер со италијански корени важи за еден од најголемите таленти меѓу неговите врсници. 

- Ветеранот од Гана, Сулеј Мунтари се наоѓа на прагот да се врати во Серија А и да потпише за Пескара во 32. година од животот. Во претходните 18 месеци тој настапуваше за Ал Итихад во Саудиска Арабија, но го раскина договорот оваа зима. 

- Португалскиот фудбалер на Црвена Звезда, Хиго Виеира ја напушти Србија и потпиша за Јокохама Маринос, а српскиот шампион ќе добие 500.000 евра. 

- Интер ќе го раскине договорот со францускиот фудбалер за врска Жефри Кондогбија, која наскоро ќе биде слободен фудбалер да ја продолжи својата кариера во клуб кој што го посакува. 

- Холандскиот фудбалер за врска, Лекс Имерс го напушти Феенорд и потпиша за белгискиот гигант Бриж во следните четири сезони.

 

- Фернандо Торес би можел да го замени Атлетико Мадрид со екипата на Бешикташ. Шпанскиот напаѓач сака да остане и да игра во Европа, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е турската екипа.

- Словенечкиот интренационалец Рене Крхин ја напушти шпанска Гранада и во вториот дел од сезоната ќе настапува за Бирминген Сити. 

- Менаџерот на Роберт Левандовски потврди дека неговиот клиент одбиле неверојатна понуда од Кина, вредна 40 милиони евра по сезона. 

- Раководството на Хамбургер му ги отвори вратите на Ален Халиловиќ, кој не се наметна по шест месеци во Германија.

- Уругвајскиот интернационалец Мартин Касерес, во овој момент слободен фудбалер, се наоѓа пред потпис со турскиот Трабзонсор

- Муса Дембеле од Селтик е мета на најголемите англиски клубови, а првакот на Шкотска ја постави цената за него - 30 милиони евра. 

- Лукас Биглиа и Лацио ја продолжуваат соработката со потпишувањето на новиот договор со кој Аргентинецот ќе остане во Рим до јуни 2020 година. 

- Мароканскиот интернационален Маруан Шамак го раскина договорот со Кристал Палас и како слободен фудбалер наскоро ќе ја соопшти својата идна дестинација. 

- Езекиел Скелото го продолжи договорот со португалскиот вицешампион Спортинг Лисабон до 2019 година со откупна клаузула од 45 милиони евра. 

- Голгетерот на Торино, Андреа Белоти е на радарот на екипата на Арсенал. Арсен Венгер е спремен за италијанскиот голгетер да плати 60 милиони евра, кој оваа година има постигнато 14 гола на 18 натпревари.

- Пеп Гвардиола е на прагот да го направи најизненадувачкиот трансфер во Манчестер Сити во зимскиот преоден рок, откако го побара Холгер Бадштубер од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната. 

- Зенит ги договори сите услови од Гркот, Андреас Самарис од португалскиот првак Бенфика. 

- Српскиот интернационалец Зоран Тошиќ најверојатно ќе ја напушти ЦСКА Москва и ќе потпише за Трабзонспор.

- Шпанскиот фудбалер за врска Борха Валеро потврди дека одбил понуди од Примера и има намера кариерата да ја завршии во Фиорентина. 

- Раководствата на Интер и Севиља се договорија околу трансферот на Стеван Јоветиќ, кој треба да биде потврден во наредните неколку часа.

- Португалскиот дефанзивец Хозе Фонте ја извести управата на Саутемптон и менаџерот Клод Пуел дека сака да си замине во зимскиот преоден рок.  

- Младиот хрватски интернационалец Матеј Митровиќ е нов член на турскиот шампион Бешикташ. Тој пристигна од Ријека за нешто повеќе од 4 милиони евра.

- Премиерлигашот Евертон излезе како победник во трката за Морган Шнајдерлин од Манчестер Јунајтед. Ако ги мине лекарските прегледи, тој ќе биде позајмен на „карамелите“ до крајот на сезоната.

- Кинескиот Тјанџин, кој го купи Аксел Витсел, доведе уште едно големо засилување во кинеската Суперлига. Екипата која ја води Фабио Канаваро потпиша со Никола Калиниќ од Фиорентина и му плати 45 милиони евра на италијанскиот прволигаш за обештетување. 

- Иако неговиот трансфер во Валенсија беше готова работа, Џон Оби Микел се сели во Кина и потпиша за висока годишна плата од 8 милиони евра. 

- Ливерпул е загреан за шведскиот интернационалец од Лајпциг, Емил Форсберг. Германците бараат 25 милиони евра за откуп на неговиот договор. 

- Мино Рајола, менаџерот на Џиџо Донарума ги стопира преговорите за нов договор на младиот голман со неговиот матичен клуб, Милан. Другите европски гиганти се надеваат на потпис на талентираниот чувар на мрежата.

- Интер го стави на трансфер пазарот Евер Банега, кој дојде од Севиља во летниот преоден рок. „Нероазурите“ го проценуваат на 25 милиони евра. 

- Англискиот напаѓач Казим Ричардс е потенцијално засилување за Црвена Звезда. Црномурестиот корпулентен фудбалер настапува за Коритиба во Бразил. 

- Хесе Родригез постигна договор и ќе го засили Лас Палмас на позајмица од ПСЖ до крајот на сезоната. 

- Нигерискиот интернационалец од Ватфорд, Игало доби понуда од Кина и многу веројатно ќе ја засилки Суперлигата на најмногубројната земја во светот. 

- Некогашниот фудбалер на Бордо, Шеик Диабате го напушти Османлиспор и потпиш за француски Мец. 

- Осасуна експресно го смени Капарос, откако за негов наследник го назначи Петар Васиљевиќ.

- Евертон го реализира првиот трансфер оваа зима. Младата сензација од Лига 1 и член на Чарлтон Атлетик, Адемол Лукман, за 10 милиони фунти премина во редовите на „карамелите“.

- Француски Лион објави дека не помислува да прифати ниту една понуда пониска од 40 милиони евра за најдобриот фудбалер на тимот оваа сезона, Корентин Толисо.

- Хал Сити го назначи Марко Силва за нов менаџер на тимот. Португалецот потпиша договор од шест месеци. 

- Вест Хем загриза по услугите на десниот бек на Стоук Сити, Глен Џонсон.

- Арсенал ќе понуди 20 милиони евра за одличниот фудбалер на Порто, Рикардо Переира.

- Манчестер Јунајтед најверојатно ќе дозволи комплетен трансфер на Мемфис Депај во Евертон.

- Конте сериозно размислува да го засили средниот ред со фудбалерот на Монако, Бакајоко.

- ОФИЦИЈАЛНО: Младиот репрезентативец на Франција, Клемент Ленже е нов фудбалер на Севиља. Во Шпанија ќе остане 4 и пол години, додека неговиот поранешен клуб Нанси од овој трансфер инкасира 5 милиони евра. 

- Стоук Сити и напаѓачот Питер Крауч постигнаа согласност за нов договор на уште една сезона, со што Англичанецот ќе остане во тимот на Хјус до јуни 2018 година. 

- Јувентус одлучи да го откупи Мехди Бенатиа од Баерн Минхен само шест месеци по позајмицата. Се шпекулира дека цената на Мароканецот е 17 милиони евра. 

- Манчестер Сити не му понуди нов договор на Александар Коларов и српскиот интернационалец во јуни како слободен агент ќе си замине од „Итихад“. 

- Според италијанските медиуми Јувентус следното лето ќе понуди 80 милиони евра за фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати.

Стефан Јоветиќ е пред потпис со тимот на Севиља. Андалузијците за услугите на 27-годишниот Црногорец би требало да издвојат околу 10 милиони евра.

- Италијанските медиуми пренесуваат дека тимот на нашиот Горан Пандев, Џенова ги засилува своите редови со Чилеанецот Маурисио Пиниља, а до реализација на трансферот остануваат уште медицинските прегледи.

- Според германскиот „Билд“ тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во зимскиот преоден рок на располагање ќе има 47 милиони евра за засилувања. Најголема желба на Германецот е да го обезбеди потписот на Јулијан Брандт од Баер Леверкузен.

- Полскиот дефанзивец Бартош Бережински е нов фудбалер Сампдорија, откако за 2 милиони евра од Легија потпиша за клубот од „Мараси“.

- Фудбалерот на Фиорентина, Хуан Мануел Варгас ја напушти Фиорентина со обостран раскин и се врати во Универзитерио од Лима. 

- Франуцскиот интернационалец Тимоти Колодѕиџак е нов дефанзивец на Борусија Менхенгладбах и замена за Домингез, кој изненадувачки ја заврши кариерата. Германците на Севиља и платија 7,5 милиони евра за некогашниот фудбалер на Бордо. 

- Младиот француски дефанзивец Клемен Ленгле од Нанси потпиша за победникот на Лига Европа, Севиља и во следните четири сезони ќе го носи дресот на Андалузијците. 

- Поранешниот шеф на Олимпијакос, Марко Силва, е прв кандидат да го замени Мајк Фелан на клупата на Хал Сити.

- Искусниот играч за врска Мајкл Карик е спремен да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, доколку клубот го посакува тоа, во спротивно од на лето како слободен играч ќе си замине од „Олд Трафорд“. 

- ОФИЦИЈАЛНО: Мидлсброу го доведе првото зимско засилување. Руди Гестед за 6 милиони фунти од Астон Вила повторно ќе игра во Премиер лигата.

- Кинеското лудило никако да престане. Ново име кое се поврзува со трансфер во богатата земја е Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, кој ако прифати да се пресели во Кина ќе го направи најголемиот светски трансфер и воедно ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

- 23-годишниот Еквадорец Андерсон Ордоњез е нов член на Ајнтрахт Франкфурт, каде што пристигна од Барселона од Гвајакил за 1 милион евра. 

- Бриж потпиша договор со талентираниот американски голман со унгарско потекло Итан Хорват, кој пристигна од норвешкиот клуб Молде.

 

- Рашедли Базур од Ајакс е првото засилување на Волфсбург во зимскиот преоден рок, откако го напушти трофејниот голандски клуб за 12,5 милиони евра и се пресели во тимот на Валериан Исмаел. 

- Раководството на Волфсбург очигледно веќе размислува како да ги потроши парите од трансферот на Јулијан Дракслер. Германците со отворена понуда од 17 милиони евра за Габиaдини од Напали, на потег се челниците од Неапол.

- Клаудио Чезаре Прандели е прва опција за клупата на Фиорентина ако Пауло Соуса си замине на крајот од сезоната.

- Од Саутемптон потврдија дека за 60 милиони ќе го продадат Ван Дијк, но сè уште не е познато кој ќе биде новиот клуб на Холанѓанецот.  Челзи и Сити се фаворити, а од позадина се споменува Манчестер Јунајтед

- Францускиот шампион, ПСЖ, денес ја официјализира соработката со еден од најдобрите германски фудбалери, Јулијан Дракслер и го претстави пред медиумите како прво зимско засилување. 

- Мануел Итурбе пристугна во Торино, каде ќе биде позајмен од Рома до крајот на сезоната. Ако го задоволи Михајловиќ „биковите“ ќе ги откупат неговиот договор. 

- Леонардо Паволети пристигна во Неапол и денес ќе ги мине лекарските прегледи по кои треба и официјално да стане нов член на Наполи за 16 милиони евра. Паволети оваа есен беше соиграч на Пандев во Џенова. 

- Јувентус го официјализираше транферот на Томас Ринкон од Џенова за 8 милиони евра, плус бонус од еден милион. 

- Валенсија се наоѓа пред потпис со Нигериецот Џон Оби Микел, откако наскоро ќе го раскине договорот со Челзи по 11 години и ќе потпише за шпанскиот клуб во наредните четири години. 

- 19-годишниот Џордан Ларсон, син на легендарниот Хенрик Ларсон го напушти Хелсинборг, откако испадна од елитата и потпиша за НЕЦ Нијмеген во Холандија. 

- 30-годишниот словенечки репрезентативец Јокиќ го раскина договорот со Виљареал и од денес е слободен фудбалер.

- Фудбалерот од Венецуела, Пењаранда од Удинезе ги минува лекарските прегледи во Гранада и ќе го засили клубот од Андалузија. 

- Денес Рајан Бабел ги мина лекарските прегледи и официјално стана нов член на Бешикташ, откако без обештетување дојде од Депортиво Ла Коруња. 

- Португалскиот интернационалец Жоао Мутињо им соопштил на челниците на Монако дека сака да ја смени средината оваа зима. Најголем интерес за европскиот првак со Португалија покажуваат двата милански клуба Интер и Милан. 

- Македонскиот голгетер, Илијa Несторовски најверојатно ќе добие нов партнер во нападот, откако денес италијанските медиуми откриваат дека Антонио Касано на маса има понуда од тимот на Палермо.

- Жозе Мурињо, во јануарскиот трансфер период ќе проба да го ангажира дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, кој договорот со „кралскиот клуб“ му истекува ова лето.

- Британските медиуми откриваат дека Евертон ќе испрати официјална понуда за услугите на одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг.

- И лондонски Челзи влезе во трка за потписот на Ван Дијк од Саутемптон. „Сините“ ќе понудат неверојатни 60 милиони фунти за холандскиот дефанзивец. 

- Според шпанските весници Флорентино Перез го убедил агентот на Пауло Дибала по епизодата во Италија да потпише за Реал Мадрид. 

- Aргентинецот, кој одлучи да игра за парагвајската репрезентација Мануел Итурбе, се наоѓа на чекор да потпише за Торино со позајмица до крајот на сезоната. 

- Премиерлигашот Хал Сити испрати понуда до Самуел Ето да им се придружи на „тигрите“ во зимскиот преоден рок и да се обиде да ги спаси од испаѓање од Премиер лигата. Претходно во Англија, Камерунецот од Анталијаспор настапуваше за Евертон и Челзи. 

- Хрватскиот дефанзивец Домагој Вида се наоѓа пред потпис со турскиот првак Бешикташ, откако понуди 4,5 милиони евра, а Динамо Киев бара 5,5 милиони. Се очекува договор да биде постигнат во наредните неколку дена. 

- Џо Харт е пред враќање во Премиер лигата, откако за него сериозно е заинтересиран тимот на Ливерпул. Засега не е познато дали „црвените“ ќе испратат официјална понуда за комплетен трансфер или се работи за позајмица.

- Францускиот прволигаш Лион испрати официјална понуда до Реал Сосиедад за услугите на мексиканскиот репрезентативец Карлос Вела. Се шпекулира дека таа изнеадува 15-17 милиони евра. 

- Алжирскиот интернационалец Софиан Фегуили најави дека ќе го напушти Вест Хем заради слабата минутажа. Рома е најсериозен кандидат да го добие на позајмица до крајот на сезоната. 

- Холандскиот интернационалец Марко ван Гинкел го продолжи договорот со Челзи до 2019 година и клубот ја обнови позајмицата на ПСВ Ајндховен. 

- Мишел Бастос, кој во Европа настапуваше за Лион и Рома, го напушти Сао Паоло и потпиша за Палмеирас.

- Без Клаудио Чезаре Прандели, кој вчера си поднесе оставка од тренерското место во Валенсија, трансферот на Симоне Заза од Јувентус нема да се реализира. 

- Бојан Кркиќ одлучи да го напушти Стоук Сити оваа зима по недоразбирањата со менаџерот Марк Хјус. Два клуба од Примера и еден кинески клуб се заинтересирани за неговите услуги.  

-Тотенхем размислува во јануарскиот преоден рок да испрати понуда за еден од најдобрите фудбалери на Евертон, Рос Баркли

- Британските медиуми шпекулираат дека дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорте, е расположен за премин во редовите на Манчестер Сити

- Турски Бешикташ започна преговори со Манчестер Сити за позајмица на Вилфред Бони, кој не е задоволен од статусот во сегашниот клуб, Стоук  Сити

- Италијанскиот гигант, Милан, сериозно размислува во своите редови до крајот на сезоната да го доведе крилниот напаѓач на Евертон, Џерард Делофеу, кој оваа сезона не е во прв план кај менаџерот на „карамелите“ Роналд Куман

- Луис Адриано во текот на следните 1-2 дена ќе стане нов член на Спартак Москва, откако Милан се договори со рускиот клуб. Детаљите од договорот не се познати.

- Гранада го раскина договорот со хрватскиот голман Иван Ќелава, кој своевремено бранеше во Динамо Загреб и Удинезе.

- Помошникот на Карло Анчелоти, Пол Клемент е најсериозен кандидат за нов менаџер на Свонси по отказот на Боб Бредли. 

- Шпанскиот прволигаш Леганес го официјализира првото засилување во зимскиот преоден рок - Гркот Сиовас од Олимпијакос на позајмица со право на откуп.

- Интернационалецот од Венецуела Томас Едуардо Ринкон ги мина лекарските прегледи и од Џенова ќе премине во Јувентус за позајмица вредна 2 милиони евра со задолжителен откуп на 8 милиони евра. 

- Првакот на Португалија, Бенфика го раскина договорот со Србинот Филип Џуришиќ. Некогашниот фудбалер на Партизан и Мајнц 05 се наоѓа најблиску до трансфер во Сампдорија.