Трагедија: Струен кабел усмрти над 30 фанови на Манчестер Јунајтед

Околу 30 фудбалски фанови се сметаат за мртви во Калабар, Јужна Нигерија, откако врз нив падна електричен кабел со висок напон на струја за време на вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Андерлехт. 

Несреќниот случај се случи додека навивачите беа собрани во центарот на градот за да го следат преносот на натпреварот од Лигата Европа, кога кабелот со висок напон се откачи и падна директно врз нив и предизвика паника меѓу присутните. 

Сè уште не е утврден точниот број на жртви, но се смета дека 30 фанови дирекно подлегнале на повредите.