Тотенхем на чекор да собори рекорд на Манчестер Јунајтед стар 10 години

Најтрофејниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед, веќе 10 години во своја сопственост го држи рекордот на најпосетен фудбалски натпревар, откако во 2007 година на „Олд Трафорд“ на мечот против Блекбурн присуствуваа 76.098 гледачи.

Но, овој рекорд на посетеност најверојатно ќе биде срушен викендов, откако од раководството на Тотенхем најавуваат дека за натпреварот на „Вембли“ од рамки на 7. коло на Премиер лигата против Борнмут, ќе има околу 80.000 посетители.

Сепак, овој меч нема да биде најпосетен на „Вембли“ кога игра Тотенхем бидејќи минатата сезона на легендарниот англиски стадион на мечот од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен имаше 85.512 поддржувачи на „спарси“.