ВИДЕО: Тотален делириум! Татко со своите деца „полудеа“ по рециталот на Меси против Еквадор

Фудбалската репрезентација на Аргентина си поигра со нервите на своите фанови во штотуку завршените квалификации за Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи идната година. 

На „гаучосите“ до последно им висеше пласманот на Мундијалот, но кога веше најпотребно на сцена стапи Лионел Меси и со три фантастични гола сам го победи Еквадор и обезбеди идно фудбалско лето на својата репрезентација.

Аргентинците многу пати се имаат покажано како големи фудбалски фанатици, а доказ за тоа е и приказната на Франко Бонето – аргентински фан, кој на Интернет сподели како тој заедно со своите деца го дожевеа големиот триумф над Еквадор.