ФОТО: Тетовчани порачаа - Ги „тепавме“ Дачија, ХЈК и Тракаи, на ред е - „Миравци Вардар“

Големото дерби во Тетово меѓу Шкендија и Вардар беше отворено со кореографија на навивачката група на домаќинот, со која порачаа дека шампионот денес мора да падне.

На трибината се појави транспарент, на која Шкендија беше претставена како насилник кој „тепа“. Жртвите беа трите екипи од Европа, Дачија, ХЈК Хелсинки и Тракаи, а последен беше „Миравци Вардар“.

Исто така, додека ја истакнуваа кореографијата, навивачите не ги избегнаа и националистичките извици, за Голема Албанија.