ВИДЕО: Тензии во Кратово - Атанаскоски со брутален лакт го нокаутира Маркос!

Вчера, екипата на Силекс забележа минимална победа од 1-0 над Академија Пандев во рамките од првиот осминафинален натпревар од националниот Куп. Победата на кратовчани им ја донесе Филиповиќ со гол уште во првото полувреме, додека овој меч ќе остане во сеќавање на неспортскиот потег на Давид Атанаскоски во 94. минута. 

Фудбалерот на струмичкиот тим, фрустриран од лошата игра и неповолниот резултат, со лакт удри по лицето на Антонио Маркос, за што заработи директно исклучување. 

Дефинитивно ваквите стартови мора да се искоренат од фудбалската игра, па затоа Атанаскоски треба драстично да биде казнет.