Талески: Со подршка од нашите навивачи победата не смее да биде доведена во прашање

Капитенот на Победа, Давор Талески, го очекува нов предизвик. Одговорноста на младиот чувар на мрежата, кој денес полни 22 години, е голема. Свесен за тоа тој одлично ја заврши работата и пролетва брани во одлична форма. Фактот дека е најмлад чувар на мрежата во Првата лига, а згора на тоа и капитен, зборува за довербата што му е дадена но и фактот дека тој максимално ја оправдал. 

„Како што изјавив во неколку наврати претходно додека има теоретски шанси ние ќе се бориме и за директен опстанок. Покажавме дека сме најдобри кога е најпотребно, така да сега се е во наши раце. Тоа значи дека до крајот на првенството има уште 3 натпревари и се надевам на 3 позитивни резултати. Време е за победа против Македонија Ѓ.П. Нема калкулирање одиме на победа. Иако Македонија Ѓ.П веќе е во Втората лига, не смееме да ја потцениме. Имаат млади фудбалери кои знаат да играат добар фудбал, но ние се подготвувавме за нови 3 бода. Самодовербата и мотивот се на највисоко ниво и со максимално ангажирање на моите соиграчи и подршка од нашите навивачи победата не смее да биде доведена во прашање“, вели Талески. 

Со своите одбрани сериозно ја наметнува својата кандидатура и не би било неоправдано туку напротив и сосема заслужено да се најде на списокот на селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски за настап на претстојното Европско првенство во Полска.