ВИДЕО: Фереира насилнички го турна момчето кое одолговлекуваше да ја врати топката

Една неочекувана случка за малку ќе предизвикаше поголем инцидент во второто полувреме од дуелот меѓу Рома и Шахтјор Доњецк. При 1-1, момчето кое требаше да ја врати топката за Украинците да изведат аут, одолговлекуваше, а Факундо Фереира сакаше да истера своја правда.

Напаѓачот го турна момчето за да му ја земе топката, а римјанецот заврши преку рекламните паноа и за среќа не е сериозно повреден. Лекарските служни брзо реагираа, а реакцијата на Тајсон предизвика реакција од фудбалерите на Рома, кои дотрчаа и му возвратија на Фереира. 

Рома го елиминира Шахтјор со победата од 1-0 и благодарение на голот во гости го елиминира првакот на Украина и в петок ќе го чека противникот во четвртфиналето.