Страотната повреда против Челзи го натера да се пензионира од фудбалот на 26 години

Рајан Мејсон

Медицинските совети го натераа Рајан Мејсон, играчот за врска на Хал Сити, да стави крај на фудбалската кариера на 26-годишна возраст. Причина за оваа одлука е страотната повреда на черепот, која што ја заработи на дуелот со Челзи во 2017 година.

Тој се судри со главата на Гери Кејхил, па мораше да го напушти теренот, а подоцна да направи оперативен зафат и по осум дена ја напушти болницата. Денес, со проштално писмо до сите фудбалски фанови, англискиот фудбалер потврди дека докторите го натераа да го напушти фудбалот.

 

A post shared by Ryan Mason (@ryan8mason) on

Својата кариера ја започна во дресот на Тотенхем од каде во 2016 година за рекордна сума од 16 милиони фунти се пресели во редовите на Хал.