СТАРТНИ СОСТАВИ: Елмас стартер против Австрија, Селмани главен шпиц

Благоја Милевски, селекторот на У21-репрезентацијата на Македонија го одреди тимот за натпреварот против Австрија кој се игра од 13.00 часот.

Во првиот тим од прекомандуваните репрезентативци од У19 ќе биде само Ељиф Елмас, кој ќе има различна задача и ќе игра подефанзивно во средниот ред.

Во составот на Мипевски се најдоа Алекс Симовски, Костантин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Тихомир Костадинов, Никола Кулески, Ељиф Елмас, Емил Абаз, Бобан Георгиев, Бесар Исени и Ремзифаик Селмани.

На клупата се Филип Илиќ, Нехар Садики, Петар Петковски, Бесарт Кривањева, Лиридон Идризи, Влатко Стојановски и Давор Здравковски.