Со ФА нема играње: Казнети четворица фудбалски агенти, меѓу кои бивш играч на Јунајтед

Англиската фудбалска федерација (ФА) утрово им изрече казна на четворица менаџери кои пробале да стапат во контакт со малолетни фудбалери. 

Меѓу нив најпознат е поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Дани Вебер, кој е суспендиран на 84 дена поради тоа што сакаше да „капари“ 16-годишен фудбалер. Освен него казнети се и некогашниот фудбалер на Арсенал, а сегашен агент, Паоло Верназа како и Глен Твинебох и Дарен Луис. 

ФА соопшти дека подолг период го следела работењето на четворицата фудбалски работници и се одлучила за суспензија поради низата нерегуларности кои ги забележала.