ВИДЕО: Сити не успеа да остане перфектен, Наполи ќе игра во Лига Европа

Наполи

Во пресрет на дербито против Манчестер Јунајтед в недела, екипата на Манчестер Сити одигра под своето ниво и го запиша првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите. Шахтјор ја искористи комбинираната одбрана на „граѓаните“ (2-1) и со трите бода го потисна Наполи во Лига Европа.

Англиската екипа доминираше на теренот и го имаше поседот на топка, но прими два гола од Исмаили и Бернард пред паузата за мирна предност на домаќинот на полувреме. Во вториот дел шанса доби и Серхио Агуеро, кој го постигна утешниот погодок за тимот на Гвардиола.

Наполи не успеа да победи на гости кај Феенорд (2-1) и со тоа заврши на третото место на табелата. 

Зјелински донесе предност за калчолигашот уште во втората минута, но Јоргенсен и Сент Џуст ја спасија честа на Холанѓаните и ги донесе пвите три бода во групната фаза оваа сезона.