Сисе не заборавил да игра фудбал, на терените се врати со хет-трик

Џибрил Сисе реши на 35 години да ја прекине фудбалската пензија и да се врати на зелените терени, а уште на првиот натпревар покажа дека не заборавил да игра фудбал.

Црномурестиот голгетер настапува за швајцарскиот третолигаш Ивердон, а на првиот меч за новиот клуб даде три гола. Во победата над Фриборг од 4-0, Сисе постигна хет-трик - два гола беа од белата точка, а еден со глава.

Французинот го одигра првиот официјален натпревар по 23 мај, 2015 година, кога беше член на Бастија.