ВИДЕО: Симоновски со глава го спаси Лахти од пораз против Ропс

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски имаше одлично попладне во дресот на фински Лахти откако постигна гол за избегнување на пораз.

Лахти како домаќин одигра 1-1 против екипата на Ропс, а Симоновски успеа да постигне гол во 70 минута, кога по еден изведен корнер најдобро се снајде во шеснаесетникот и со глава ја заби топката во противничката мрежа.

За Симоновски ова е петти гол во дресот на фински Лахти, кој се наоѓа на третото место на табелата во првенството.