ФОТО: Симеоне со своите „градежници“ за првпат во посета на „Метрополитано“

Реванш дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, за Атлетико беше последниот одигран на легендарниот „Висенте Калдерон“, што се однесува до европската сцена, додека дефинитивниот збогум фудбалерите на Чоло Симеоне ќе имаат в недела кога во Мадрид ќе гостува Атлетик Билбао. 

Стариот стадион, полека заминува во историја, а новиот „Метрополитано“ постепено доаѓа на големата сцена. Така тренерот на „јорганџиите“ Симеоне, заедно со своите војници вчера беа на посета на новиот фудбалски дом, на кого ќе играат од почетокот на идната сезона. 

„Метрополитано“ е во завршна фаза, а во тоа се уверија и големите ѕвезди на тимот, Гризман, Коке, Торес...