ВИДЕО: Швеѓаните со лудо славје го демолираа ТВ-студиото на тревникот

Шведските фудбалери се надминаа себе си и без Златан Ибрахимовиќ, кој по Европското првенство во Франција се пензионира од националниот дрес, обезбедија мундијалски билет за сметка на големата Италија.

Таков успех вреди добро да се прослави, а шведските фудбалери по последниот судиски свиреж дотрчаа до импровизираното телевизиско студио на Еуроспорт телевизијата, каде беа новинарите и стручните коментатори (поранешни шведски репрезентативци) и го демолираа од радост и еуфорија.

Погледнете како Швеѓаните го прославија успехот во Милано: