Швеѓаните повеќе се плашат од температурите, отколку од Вардар

Шведската фудбалска јавност не се грижи премногу околу неповолните 1-1 од првиот натпревар на првакот на оваа земја Малме против Вардар, туку со денови во оваа земја се зборува за тропските горештини во Македонија и големата температурна промена во Струмица.

Имено, мечот во средата во Малме се играше по температура од 15 степени целзиусови, а следниот вторник на стадионот „Младост“ во Струмица се предвидуваат 38 степени за време на одигрување на возвратниот натпревар. Шведската делегација во Струмица ќе пристигне во вторник и ќе одржи еден тренинг воочи натпреварот.

За евентуално соседско дерби со Копенхаген, Малме мора да го мине Вардар, а за тоа многу веројатно ќе му треба победа во гости. Поучени од последните европски искуства против Бате Борисов, АПОЕЛ Никозија и Динамо Загреб, фудбалерите на македонскиот првак веруваат дека оваа шанса нема да ја испуштат.