ВИДЕО: Шумуликоски асистент во „петардата“ на Словачко

Македонскиот интернационалец Величе Шумуликоски забележа асистенција во триумфот на Словачко од 5-2 против Острава во рамки на чешкиот шампионат.

Шумуликоски беше асистент за вториот погодок, кога во 11. минута одлично влезе по страна и го проигра Даничек кој биеше за зголемување на водството на домаќинот. 

За Словачко ова беше прва победа сезонава, по две ремија.