ВИДЕО: Шок за „ѓаволите“, се повреди Пол Погба!

Најскапото засилување на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, по лошо ќе го памети своето деби како капитен за „црвените ѓаволи“. 

Францускиот ас поради повреда мораше предвреме да го заврши вечерашниот меч против Базел во рамки од првото коло на Лигата на шампионите. Најверојатно се работи за повреда на задната ложа, која може неколку седмици да го оддалечи од фудбалскиот терен. Сепак, рано е за прогноза, да почекаме што ќе каже медицинскиот тим на клубот. 

Инаку, на негово место влезе Маруан Фелаини, а токму Белгиецот со гол во 35. минута донесе „ѓаволско“ водство на „Олд Трафорд“.