Шкупи донесе дефанзивец кој играл во Австрија, Естонија, Словачка, Романија...

Австрискиот дефанзивец со потекло од Босна и Херцеговина, Тони Типуриќ потпиша со македонскиот прволигаш Шкупи. 27-годишниот Типуриќ се обврза на договор на една и пол година и бргу ќе се приклучи на тренинзите на Ардијан Нухиу.

190-сантиметри високиот дефанзивец е роден во Сараево, првите чекори ги направи во Австрија Виена, а во австриската Бундеслига го носеше дресот на Адмира Вакер, Луштенау, пред да пресели во естонската Левадија. За долгогодишниот првак на Естонија, Типуриќ одигра 18 натпревари и постигна пет гола. Потоа се пресели во Злате Моравце, Цибалија од Винковци и романска Конкордија.

Типуриќ нема да настапи в среда против Академија Пандев, но потоа се очекува брзо да се имплементира во системот на чаирскиот прволигаш.