Шкендија со Хасани и Цуцули на мегдан со Работнички

Екипата на Шкендија комплетна ќе се спротистави на Работнички во меч кој се игра во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.

Двајцата фудбалери беа вон стројот поради повреди, но истите за нив се минато и ќе може да му се стават на располагање на тренерот Ќатип Османи. Од таборот на Шкендија размислуваат само на победа, за мирен реванш во Тетово.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија се игра попладнево на стадионот во Ѓорче Петров од 15.30 часот.