Шкендија го чека Вардар во Куп-четвртфиналето, ждрепката донесе и пелагониско дерби

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на Македонија, а многу слично како и при ждрепката за првото коло од шампионатот, традиционалните клубови ќе се соочат меѓу себе.

Ако Вардар го мине Шкупи во последното осминафинале, ќе се сретне со Шкендија, две екипи кои играа во полуфиналето минатата сезона. Пелистер и Победа, кои играа во првото коло од шампионатот, ќе играат и за влез во полуфиналето на Купот, а единствениот второлигаш, Тетекс, ќе излезе на мегдан на Академија Пандев.

Четвртфинале:

Тетекс - Академија Пандев

Ренова - Скопје

Пелистер - Победа

Шкупи/Вардар - Шкендија

Натпреварите се играат на 8 и 29 ноември, со исклучок на заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар, кои своите два меча ќе ги играат во споменатите термини, а победникот ќе се соочи со Шкендија на 17 декември и 21 февруари 2018 година.