ВИДЕО: Шалке со пирова победа - Ајакс со 10 играчи постигна два гола за полуфинале

На „Велтинс арената“ во Гелзенкирхен, фудбалерите на Шалке 04 во реванш дуелот од четвртфиналето на Лига Европа против Ајакс славеа победа по продолженија од 3-2 (2-0, 0-0) и не ја надополнија негативата, па со вкупни 3-4 во полуфиналето се пласира Ајакс.

Фудбалерите на Шалке започна извонредно и по само две минути имаа две добри шанси за погодк. Во првиот обид Горецка биеше само покрај стативата, за да веднаш потоа за жал на домашните фанови Макс Мејер биеше само во стативата.

И кога сите очекуваа домаќините да продолжат со нападите, гостите од Амстердам со одлична поставеност успеаа да ја умртват играта и на полувреме да заминат со за нив позитивни 0-0.

Но, стартот на вториот дел беше извонреден за домаќините и по само 11 минути ја елиминираа негативата од првиот дуел. Најпрво во 53. минута Горецка донесе водство од 1-0, за да три минути подоцна Колашинац испрати прекрасна асистенција, а Бургшталер егзекутираше за 2-0.

Ајакс веднаш по примениот гол имаше шанса за враќање на предноста, но ударот на Зијех, домашниот голман прекрасно го одбрани. Шансите продолжија да се нижат, а следна прилика имаа домаќините, но ударот на Ховедес заврши покрај стативата.

Во следниот период се играше главно на средината на теренот, а во 80. минута гостите добија црвен картон. Велтман за само 10 минути заработи два жолти картони и го остави Ајакс со играч помалку, предност која домаќините не ја искористија во регуларниот дел, па натпреварот влезе во продолженија.

Во дополнителните 30 минути гостите претпазливо се бранеа со оглед на бројчаната негатива, а домаќините тоа го искористија во 101. минута, Калиџури со удар со глава погоди за 3-0 и ерупција помеѓу домашните фанови. Но, во 111. минута следеше голем шок на „Велтинс арената“. Виергевер погоди за 3-1 по групата грешка на Германците. Во последните 10 минути Шалке 04 целосно се отвори, а во 120. минута гостите преку Јунес ги поставија конечните 3-2 и обезбедија полуфинале на Лига Европа.