ВИДЕО: Шах-мат за Барса на „Сан Мамеш“! Адуриз и Вилијамс носат двојно баскиско водство

По 28 минути од првиот меч од осминафиналето на Купот на Кралот, Атлетик Билбао води против Барселона со 2-0. Најнапред резултатот го отвори ветеранот Ариц Адуриз. На голот му претходеше убава асистенција на Раул Гарсија и завршница со глава на Адуриз на втора статива.

Гостите уште не се созедоа, а три минути подоцна Ињаки Вилијамс ја искористи грешката на одбраната на гостите при високиот пресинг и Атлетик Билбао поведе со 2-0. 

Од првата зрела шанса Атлетик дојде во водство и сега предизвикот е насочен кон каталонските ѕвезди.