Севиља го купи Нолито како замена за Витоло

Премиерлигашот Манчестер Сити и петкратниот победник на Лига Европа, Севиља постигнаа договор за трансфер на шпанскиот интернационалец Нолито. 30-годишниот ас утре ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише со тимот од Андалузија.

Нолито од Селта дојде во Манчестер Сити за 13,8 милиони фунти и постигна 6 гола на 30 натпревари. Сега Севиља ќе плати 9 милиони евра за да го врати во Примера.  Нолито е производ на школата на Барса, но никогаш не доби шанса во првиот тим на Каталонците.

Во Севиља, Нолито ќе биде замена за Витоло и уште едно офанзивно засилување по Муриел и Пизаро.