Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О'Нил уапсен заради возење под дејство на алкохол

Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О'Нил се соочи со проблеми, откако е упасен од страна на полицијата поради управување на возило под дејство на алкохол. Според „ББС“, 48-годишниот О'Нил е упасен во градот Единбург.

Случајот е потврден и од страна на полицијата, а веќе е закажано и судењето на селекторот. Тој пред судот на Северна Ирска ќе се појави на 10 октомври, два дена по натпреварот со Норвешка, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Од Фудбалскиот сојуз на Северна Ирска изјавија дека се запознати со случајот на О'Нил, но дека нема да коментираат ништо по тој случај и дека ќе остават целата работата да си ја завршат судските органи.