Сè е подготвено за комитски спектакл: Билетите за Западната трибина се распродадени!

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“, информираат дека сите билети за нивната трибина што беа пуштени во продажба се распродадени.

Западната трибина беше „резервирана“ за црвено-црната армија за мечот со Зенит во рамки на Лига Европа, а од групата информираат дека нема веќе билети за овој спектакл.

„ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА СИТЕ КАРТИ ЗА КОМИТИ СЕ РАСПРОДАДЕНИ!! СИТЕ ШТО НЕ УСПЕАА ДА НАБАВАТ, ГИ ЗАМОЛУВАМЕ ДА НАБАВАТ КАРТИ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА НА ФК ВАРДАР ПО РЕДОВНА ЦЕНА!!

Истовремено ве известуваме дека сите што не добија маици ке можат да подигнат утре на собирно место односно пред Соборен Храм !

ЗАПАД ПОВТОРНО ПОЛН КАКО НЕКОГАШ! КОМИТСКИ ПОЗДРАВ !!!“, стои во соопштението на навивачката група.

Дуелот меѓу Вардар и Зенит кој ќе биде прв за македонски тим во групната фаза од Лига Европа се игра в четврток од 21.05 часот. Правдата ќе ја делат судии од Данска.