Ружомберок потврди: Костадинов потпиша за словачкиот клуб

Младинскиот репрезенативец на Македонија, Тихомир Костадинов во новата сезона ќе го облече дресот на Ружомберок. Словачкиот клуб го објави договорот со младиот Македонец, кој до минатата сезона настапуваше за Злате Моравце.

Иако не се познати деталите околу договорот, Костадинов ги мина лекарските прегледи и веќе се приклучи на подготовките во својата нова екипа. Македонскиот интернационалец во својата кариера го носеше дресот на Тетекс и на словачките клубови Моравац од Мрштине, Дукла Бањска Бистрица и Злате Моравце.

20-годишниот фудбалер од Миравци има 11 настапи за младата репрезентација на Македонија, а беше и во ростерот на Боби Милевски на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.