Розенборг во Скопје без својот капитен, го очекува своето второ дете

Мике Јенсен

Капитенот на екипата на Розенборг, Мике Јенсен ќе го пропушти гостувањето кај Вардар, со кое ќе се заокружи групната фаза во Лига Европа.

Тој не се појави на денешниот собир на неговиот тим поради раѓањето на своето второ дете. Неговата девојка Надја очекува во секој момент да го изненади со син. Јенсен има петгодишно девојче и е возбуден за новата принова во неговото семејство.

Натпреварот во Скопје се игра утре со почеток од 21.05 часот и не решава ништо во групата, бидејќи сигурни патници во следната фаза се Зенит и Реал Сосиедад.

На првиот меч во Норвешка, Розенборг го победи македонскиот првак со 3-1 со головите на Бендтнер, Конрадсен и Хеденштад. Првиот гол за вардарци, историски за Македонија во Лига Европа, го постигна Хуан Фелипе.