Роналдо, Нејмар и Мбапе го предводат најдобриот тим од групната фаза на ЛШ

групна фаза

Со вчерашните натпревари од шестото коло, заврши групната фаза во Лигата на шампионите. Познати се сите 16 екипи кои ќе бидат дел од ждрепката в понеделник, по која ќе бидат одредени паровите од осминафиналето.

ПСЖ беше неприкосновен лидер меѓу европските великани, но го расипа впечатокот со поразот против Баерн Минхен во последното коло. Сепак, францускиот прволигаш придонесе со четири играчи во идеалниот тим на групната фаза, што е рекорд за екипата.

Тотенхем и Манчестер Сити имаат по двајца преставници, а Реал Мадрид, Селтик и Ливерпул по еден фудбалер.

Голман: Ареола

Одбрана: Курзава, Стоунс, Санчез, Тиерни

Среден ред: Де Брујне, Кутињо

Напад; Нејмар, Роналдо, Мбапе, Кејн.