Роналдо на еден гол од „стотката“ во дресот на Реал Мадрид во ЛШ

Кристијано Роналдо рекорд голови

Најдобриот голгетер во екипата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се наоѓа на само еден гол од јубилејни 100 во белиот дрес во Лигата на шампионите (ЛШ).

Португалецот има вкупно 114 зад своето име, но 15 од нив ги постигна додека настапуваше за Манчестер Јунајтед. Досега, тој одигра 94 меча за „кралевите“ и на нив постигна 99 гола, а прва шанса за остварување на овој несекојдневен рекорд ќе има в среда, кога европскиот шампион на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека ПСЖ.

Во новата сезона во Лигата на шампионите, Роналдо има девет гола зад своето име, а последниот од нив го постигна на 6 декември против Борусија Дортмунд.