ВИДЕО: Роналдо испиша историја и стана првиот фудбалер со гол во сите натпревари од групната фаза

Роналдо Кристијано

Можеби го нема никаде во Примера, но Кристијано Роналдо е прв голгетер во Лигата на шампионите. Португалецот зголеми на 2-0 на мечот против Борусија Дортмунд и стана првиот фудбалер во историјата на натпреварувањето кој се запишал во листата на стрелци во сите шест кола од групната фаза.

Најдобриот фудбалер на „кралевите“ прими една топка на работ од казнениот простор на гостинската екипа од каде испрати неодбранлв шут во спротивниот агол.

Резултатот го отвори Борха Мајорал, кој немаше проблеми да ја заврши акцијата започната од Роналдо и Иско.