ФОТО: Роналдо и другарите наместо тренинг, направија фото-сесија од освоените награди

Реал Мадрид

На вчерашната гала вечер во Цирих, ФИФА ги додели наградите за најдобрите фудбалери во изминатата 2016 година.

Играчите на Реал Мадрид беа најбројни и најуспешни, меѓу кои најмногу се истакна Кристијано Роналдо, кој ја доби наградата најдобар фудбалер пред Лионел Меси и Антоан Гризман. Најдобар креатор на играта беше избран Лука Модриќ, а во иделната екипа за минатата сезона место најдоа и Марсело, Тони Крос и Серхио Рамос.

На денешниот тренинг, ѕвездите на „кралскиот“ клуб направија мала фото-сесија со сите освоени трофеи од изминатата вечер.