ВИДЕО: Роналдо е подготвен да го извади „ѕверот“ од себе - Португалецот со мини-бравура на тренинг

Кристијано Роналдо тренинг

Поради суспензијата добиена на шпанскиот Суперкуп, Кристијано Роналдо е надвор од составот на Реал Мадрид во домашните натпреварувања.

Но, Португалецот има право на настап во Лигата на шампионите, која за него и „кралевите“ започнува денес со дуелот на домашен терен против АПОЕЛ. Најдобриот фудбалер на Реал уште на тренинг најави дека е подготвен за игра и уште повеќе за постигнување на голови.

Роналдо беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите во претходните две сезони, а на денешниот меч ја започнува кандидатурата за хет-трик.