Роналдо до фудбалерите на Селта: Колку ве платија? (ВИДЕО)

Во Примера стимулирањето на клубовите е дозволено, а како што Реал и Барса водат жестока битка за титулата, за очекување е овие гиганти да ги „почестат“ противниците на својот ривал. 

Наводно, тоа се случило на последниот меч на „кралевите“ против Селта Виго. Првата ѕвезда на Реал, сметајќи дека противникот игра како да е финале на Лигата на шампионите им сугерирал на домашните фудбалери дека „зеле пари за да пробаат да го поразат Реал Мадрид“, откриваат шпанските медиуми. 

Сепак, тој меч заврши со убедлива победа на Реал од 4-1, па сега на „кралевите“ им е потребен само бод во последниот дуел против Малага и по пауза од неколку години повторно да го подигнат пехарот од домашниот шампионат.