Рома веќе се договорила со Унаи Емери за наредната сезона!?

Унаи Емери тренер на Рома

Раководните лица на екипата на Рома веќе ја најдоа замената за Лучијано Спалети во наредната сезона. Се работи за шпанскиот тренер Унаи Емери, кој има разочарувачка година на клупата на ПСЖ и најверојатно ќе ја промени средината.

Емери ќе има нова шанса да соработува со спортскиот директор Родригез Вердехо „Мончи“, со кого заедно ја донесоа последната титула на Севиља во Лигата на Европа. Според италијанските медиуми, конкуренција за тренерското место на „римската волчица“ ќе гледа во Лоран Блан, кој исто така има шанса да го замени Спалети.

Италијанскиот тренер најверојатно ќе си замине од Рим на крајот од годината, со оглед на неостварените цели со екипата.