Рома обезбеди моќен клупски спонзор: „Туркиш Ерлајнс“ ќе ја наполни касата на „волчицата“

Турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ ќе инвестира во италијанскиот калчолигаш Рома и логото на компанијата ќе се појави на дресовите на „волчицата“. Римскиот клуб ќе добива по 7 до 8 милиони евра годишно, а Франческо Тоти ќе биде заштитно лице на нивната промотивна кампања.

Двете страни треба да потпишат договор до крајот на неделата, а клубот ќе го промовира на пролетните натпревари од европските купови.

Овој договор е трет најголем спонзорски договор во Италија, по Јувентус кој добива 17 милиони евра од „Фиат“ и Интер, кој од „Пирели“ добива 10 милиони евра, плус бонуси зависно од резултатите на тимот.