Рој Хоџсон по пет години се враќа во ПЛ, назначен е за нов менаџер на Кристал Палас

Рој Хоџсон, поранешниот селектор на Англија, Швајцарија и Финска е новиот менаџер на Кристал Палас, откако искусниот тренер вечерва потпиша двегодишен договор со „орлите“.

Бившиот предводник на Ливерпул, Фулам, Интер, ВБА... ќе го замени, Франк Де Бур, кој на кормилото на лондонскиот тим издржа само 77 дена. Под водство на Холанѓанецот Кристал Палас забележа четири победи од исто толку меча во новата сезона на Премиер лигата и очекувано вчера доби отказно решение. 

За Хоџсон ова ќе значи враќање во англискиот фудбал после пет години и тоа во клубот каде ги започна своите први фудбалски денови како фудбалер. Своето деби ќе го има во петтото коло на Премиер лигата, кога Кристал Палас ќе се соочи со Саутемптон.