Ријека не го дава Ристовски: Одбиена понуда на Сампдорија од 2,5 милион евра

Актуeлниот лидер во хрватската фудбалска лига (ХНЛ) Ријека нема намера да се ослободи од услугите на еден од своите најдобри фудбалери, нашиот интернационалец Стефан Ристовски.

Според информациите, калчолигашот Сампдорија доставил официјална понуда до Ријека во вредност од 2,5 милиони евра за услугите на десниот бек Ристовски, но истата веднаш е одбиена. Така сега Сампдорија ќе се насочи кон ангажман на Бартош Берзински од Легија.

За нашиот репрезентативец сериозен интерес има и од актуелниот лидер во турската лига Истанбул Башакшехир, кој наводно е спремен да издвои околу три милиони евра.