ВИДЕО: Реал си „поигра“ со АПОЕЛ, дури и Рамос погоди „ножички“!

Европскиот првак Реал Мадрид извојува лесна победа од 3-0 против АПОЕЛ од Никозија и ги заборави двата неуспеси на домашен терен во Примера против Леванте и Валенсија. Покрај двата гола на Роналдо, кои се вообичаени, изненадување е голот на Серхио Рамос со ножички за 3-0.  

Од капитенот на Реал Мадрид сме навикнале на голови со глава и по прекини, а сега погоди во за него не најствојствен стил.